Faruk Zorlu
17 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку 23 терористи, меѓу кои и висок припадник, беа неутрализирани во антитерористичките операции низ цела Турција во текот на изминатата недела, објави денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството истакна дека во периодот од 10 до 17 декември изведени се вкупно 2.404 антитерористички операции.
Ајшенур Инџи, терористка од листата на барани терористи на Министерството, им се предаде на безбедносните сили во саботата на граничниот премин „Хабур“, на турско-ирачката граница.
Инџи била вклучена во терористички активности како припадничка на ДЕАШ во турската југоисточна област Адијаман, пред да замине во Сирија за да се приклучи на тамошните активности на терористичката организација.
Безбедносните сили, исто така, запленија 28 рачни гранати, 482 килограми експлозивен материјал, 13 импровизирани експлозиви, 20 парчиња долгоцевно оружје и 7.499 парчиња муниција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.
Безбедносните сили уапсија 3.351 осомничен за дела поврзани со дрога и шверц, 751 лица за помагање и соучесништво во терористички организации, и 226 осомничени лица за трговија со луѓе.
Во текот на наведениот период турските безбедносни сили фатиле вкупно 3.821 илегален мигрант.