Zehra Tekeci
28 Септември 2021•Ажурирај: 29 Септември 2021
АНТАЛИЈА (АА) - ЗЕХРА ТЕКЕЏИ -
Угур Галенкуш, уметник на дигитални колажи, познат по своите дела за војните и конфликтите на Средниот Исток, привлекува внимание на проблемите со кои се соочува човештвото, пишува Агенција Анадолија (АА).
Галенкуш во своите дела вклопува два различни света во една фотографска рамка.
Триесет и едногодишниот Галенкуш работи во приватна компанија во Истанбул. Во 2014 година како хоби започнал да прави фотомонтажи и колажи.
Галенкуш главно работел на хумористички колажи што ги споделува на социјалните мрежи.

Утрото кога ја видел фотографијата од сириското бебе Ајлан, чие безживотно тело е откриено на плажа по потонувањето на чамецот со бегалци во областа Бодрум во Мугла во 2015 година, Галенкуш носи одлука да работи на фотографијата на Ајлан Курди, чие име во печатот се рефлектираше како „бебето Ајлан“. Делото што го создаде многу им се допадна на корисниците на социјалните мрежи.
Делата на Галенкуш споделени на неговиот профил на социјалните медиуми привлекуваат големо внимание. Галенкуш на социјалните мрежи има повеќе од 1.100.000 следбеници.
Во изјавата за дописникот на АА во Анталија, каде што ја отвори својата прва изложба во Турција, Галенкуш рече дека има за цел да привлече внимание кон универзалните проблеми со комбинирање на фотографии.
- Во своето прво дело се осврна на бебето Ајлан -
Раскажувајќи ја приказната за делото со фотографијата на бебето Ајлан, Галенкуш рече: „Едно утро, кога ја видов фотографијата на бебето Ајлан на вестите, ми падна на ум една идеја. Додадов сенка до безживотното тело на бебето Ајлан. Во таа сенка едно дете си играше со играчки за песок. На тој начин го создадов моето прво дело.“

Галенкуш истакна дека последните дела со концепт на остра линија ги започнал едно утро кога ја видел веста за бегалците.
Наведувајќи дека во очите на децата кои се обидуваат да го преминат Егејското Море го видел стравот и беспомошноста, Галенкуш рече дека сака да направи нешто за да ја подигне свеста во јавноста за бегалците.
-„Целта ми е малку да ја објаснам болката“ -
Галенкуш истакна дека избира фотографии од настани што длабоко ги погодуваат луѓето.
„Со моите композициски колажи кои спојуваат два различни света целта ми е да се воспостави емпатија и да објаснам за болката на тие луѓе. Во моите дела до израз доаѓаат прашањата за бегалците, правата на жените, децата, правата на животните, еколошките проблеми, војната, гладот и сиромаштијата. На овој начин, се обидувам да ја натерам едната страна да размислува колку има среќа, а другата страна да размислува за себе и за своето општество“, додаде тој.
Меѓу другото, Галенкуш нагласи дека има скоро 300 дела и е среќен што неговите дела допираат до голем број луѓе.
Истакнувајќи дека ја објавил својата прва книга, која ги вклучува неговите дела за правата на децата, Галенкуш рече дека има отворено изложби во Италија, Германија, а неодамна и во Турција.