Elif Küçük
14 Јули 2018•Ажурирај: 15 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Изработен е видеоспот за песната што претседателот на Црвената полумесечина на Турција, д-р Керем Киник, ја напиша за Серхат Ондер, претседателот на филијалата на Црвената полумесечина во Кучукесат, кој херојски загина на 15 јули. Песната е во изведба на скопјанецот Месут Куртиш и на д-р Киник, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение што го даде Црвената полумесечина се истакнува дека во сеќавање на Серхат Ондер, претседателот на филијалата на Црвената полумесечина во Кучукесат, кој херојски загина на 15 јули пред Генералштабот на Турската армија во Анкара, подготвен е видеоспот.
Текстот и музиката на песната „Мој Серхате“ се на претседателот на Црвената полумесечина на Турција, д-р Керем Киник, а песната е во изведба на скопјанецот Месут Куртиш и на д-р Киник.
Во соопштението е дадена и изјава на д-р Керем Киник, кој го истакна отпорот што турскиот народ на 15 јули го покажа против обидот за пуч, додавајќи дека Ондер е еден од оние кои ги дадоа своите животи во тој отпор.
„Тој беше и еден волонтер на Црвената полумесечина и достоен поединец на нацијата кој се бореше за својата татковина. Го молиме Возвишениот за милост кон загинатите. Наша должност е да спроведуваме вакви активности, со цел да го овековечиме сеќавањето на него“, вели д-р Киник во соопштението на Црвената полумесечина.
Серхат Ондер, вечерта на 15 јули, заедно со својата сопруга и децата отишол пред Генералштабот на Турската армија во Анкара.
Тој беше убиен во првите часови од обидот за пуч кога беше отворен оган врз групата во која се наоѓаше и Ондер. Серхат Ондер (41) беше татко на две деца. Во чест на Ондер е подготвен и документарен филм „Не се плаши, сине“.
Потсетуваме, терористичката организација ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција кој се случи на 15 јули во 2016 година. Во обидот за државен удар, животите ги загубија 251 лице, додека околу 2.200 лица беа повредени.