Duygu Yener
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на владејачката турска Партија на правдата и развојот (АК Парти) и премиерот на Турција, Бинали Јилдирим денеска во Анкара изјави дека новиот систем кој ќе донесе устави промени, ќе ги пресече вените на терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим зборуваше на церемонијата во главниот град, Анкара, со која официјално започна кампањата за референдум за уставните измени, кој ќе биде одржан на 16. април оваа година.
„Со оваа уставна промена ќе биде овозможен влез во политика за 7.5 милиони наши млади, нив им се отвораат вратите", рече Јилдирим и додаде дека младите за кои, некои порано рекоа дека „не се во состојба да се бават со прашањата на државата Турција", во ноќта на 15. јули застанаа и им се спротиставија на тенковите и топовите и на тој начин на целиот свет му покажаа колку ја сакаат својата земја.
„Сакам да речам дека нашето намалување на старосната граница за влез во турскиот парламент на 18 години, не претставува ништо во однос на она што вие го направивте за оваа земја", порача Јилдирим.
„Новиот систем ќе донесе крај на тероризмот, ќе го уништи во целост. Зарем мислите дека ПКК, ДЕАШ и ФЕТО без причина на сиот глас спроваат кампања против уставните измени. Она што може да се заклучи, е дека сo уставните измени тие ќе исчезнат и ќе им бидат пресечени вените. Што и да направат, тие ќе исчезнат", рече Јилдирим.
Нагласи дека референдумот за уставните измени претставува довршување на работата започната 2007. година.
„Уставните измени за кои народот ќе одлучи на референдум претставуваат довршување на работата започната 2007. година. Бидејќи, многу важен чекор за претседателскиот систем е направен 2007. година", рече Јилдирим.