ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање во Истанбул пред Босфорскиот мост, преименуван во „Мостот на загинатите на 15. јули“, му се заблагодари на секој поединец кој минатата година на 15. јули застана во одбрана на својата слобода, знамето, државата и иднината, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган истакна: „Голема е цената којашто ја плативме. Не е можно да се процени цената на солзите, на болката во душите на мајките, бабите, сопругите, браќата и сестрите, децата, но наспроти таа жртва, непроценлива е и нашата независност слобода и иднина.“
Ердоган говореше во Истанбул во близина на „Мостот на загинатите на 15.јули“, каде што се насобраа стотици илјади граѓани по повод одбележувањето на првата годишнина од обидот за пуч кој терористичката организација ФЕТО се обиде да го изведе на 15. јули 2016 година.
„Организациите наспроти нас може да изгледаат како да не се дел од структурата. Но треба да го знаат следното: ниту Турција не е наивна. Зад нас имаме илјадници години државна традиција. Треба и тоа да го знаат. Секоја ѕвезда од претседателското знаме е симбол на таа традиција. Зад нас имаме акумулирана традиција долга 1.400 години", нагласи во својот говор турскиот претседател.
Тој истакна дека преживеаните напади и предавства го обединуваат народот на Турција.
„Како што железото се обликува со огнот, на ист начин нападите и предавствата кои ги преживеавме нас нè обединуваат, соединуваат, не прават помоќни“.
„Ние, како турска нација која се однесува со чест кон живите и со слава кон мртвите, се стремиме за иднината на нашето подрачје, регион и свет. Нас не можат да не срушат ниту подлите напади на терористичките организации, ниту трите игри на оние сили кои ги користат терористите. Оној ден кога ќе го загубиме тој дух, таа верба и таа идеологија, ќе биде нашиот крај. Со Божја дозвола, тој ден никогаш нема да дојде. Доколку е потребно, еден ќе умре, но илјада ќе воскреснат. Ќе го продолжиме нашиот пат заплашувајќи ја смртта со смрт. Со вербата во нашите срца и храброста во нашите души, со силата во нашите раце и потта на нашиот грб, ќе работиме без престанок“, рече Ердоган.
- „Многу добро знаеме кој стои зад нив“ -
Турскиот претседател во врска со обидот за државен удар го кажа следното: „Обидот за државен удар на 15. јули не беше првиот напад врз нашиот народ, нема да биде ниту последен. Многу добро знаеме дека терористичките организации се само пиони. Знаеме дека ФЕТО не е само ФЕТО, дека ПКК не е само ПКК, дека ДЕАШ не е само ДЕАШ, но и останатите терористички органиации не се она што може окото да го забележи. Исто така, многу добро знаеме кој стои зад нив. Но реалноста е тоа што, сè додека не ги урнеме пионите, нема да можеме да ги уништиме топовите, ловците, ниту ќе можеме да извојуваме шах-мат“.
- „Нема да заборавиме, ниту ќе дозволиме да се заборави“ -
Ердоган во своето обраќање порача лекциите од 15. јули правилно да се сфатат, и само тогаш нема да се повторат.
„Нема да заборавиме, ниту ќе дозолиме да се заборави. Доколку лекциите од 15 јули правилно не ги научиме, тогаш неизбежно е повторно да го доживееме 15 јули. Дури нема да знаеме нашите непријатели на следниот 15 јули со какви игри ќе излезат пред нас и кого ќе користат против нас. Муслиманите се умни луѓе. Од иста дупка двапати нема да бидат каснати“, рече турскиот претседател.
Тој во врска со судскиот процес на осомниченте членови на ФЕТО го кажа следното: „Изминатиот ден зборував со почитуваниот премиер Јилдирим. Овие (осомничените членови на ФЕТО) кога ќе доаѓаат во суд потребно е да доаѓаат во исти униформи, како во Гвантанамо. Ист вид на униформи“.
„Доколку погледнете, на лицето на ниту еден од учесниците во обидот за државен удар досега не можете да забележите ниту малку каење. Слична е состојбата и со останатите лица кои се дел од структурата на ФЕТО. Тоа значи дека овие лица тоа не го направиле несвесно, туку свесно сакале да ги забијат своите ножеви во грбот на државата. Колку турскиот народ е милостив кон добронамерните, тој толку е насилен кон предавниците. Предавниците ќе имаат доволно време меѓу ѕидовите во затворите каде што ќе бидат затворени, ќе имаат многу време да размислуваат за тоа“, нагласи Ердоган.
- „Под светлото на поуките кои ги извлековме на 15. јули ќе продолжиме по нашиот пат“ -
„Како држава и народ, под светлото на поуките кои ги извлековме од 15. јули ќе го продолжиме нашиот пат. Господ нека ни помогне од ваквите предавства, од сите видови напади на непријателите, од сите катастрофи од небото и земјата“, рече Ердоган.
Тој потенцираше дека ниту еден предавник нема да остане неказнет.
„Полека, полека, почнаа да излегуваат одлуки од судските процеси против ФЕТО. Бидете сигурни дека ниту еден предавник во оваа земја нема да остане неказнет. Овој народ, кој како круна на главата ги штитеше оние кои треба да му служат, воопшто нема да се двоуми да им ја згмечи главата на предавниците“.