Besar Ademi
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) – Турскиот пејач Серхат Хаџипашалиоглу ќе го претставува Сан Марино на „Евровизија 2016„ со песната "I Didn’t Know". Истиот, покрај седум различни градови, денеска песната ја претстави и во главниот град на Македонија, Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој изјави дека се чувствува изненаден, бидејќи за прв пат се случува еден турски пејач да претставува странска земја на Евровизија и, како што рече, ова е голема одговорност и бара многу работа. Истекнувајќи дека Сан Марино како учесник на Евровизија не покажало успех во претходните настапи, тој изрази надеж дека неговата песна успешно ќе ја претстави земјата која што ја претставува на ова музичко натпреварување.
„Сан Марино беше во потрага за наоѓање на некој што ќе гo претставува како учесник на Евровизија. Претходната година стигнав до голем успех со една песна на француски "Je m’adore", која на меѓународните музички листи беше рангирана на прво место. Успехот на оваа песна го привлече нивното внимание и преку мојот менаџер ја примив поканата за да ја претставувам оваа земја. Се чувствувам изненаден што за прв пат еден граѓанин на Турција ќе учествува во натпреварувањето за една странска земја", рече Хаџипашалиоглу.
Инаку, Серхат Хаџипашалиоглу е роден во Германија, а образован во својата татковина, Турција. Претставувањето на Сан Марино на „Евровизија 2016" ќе биде предизвик за овој пејач. Неговиот успех кулминираше со песната "Je m’adore", која го привлече вниманието кај јавноста на Сан Марино, по што му беше испратена покана за да ја претставува оваа држава на Евровизија.