Oktaj Omeragikj
25 Февруари 2025•Ажурирај: 26 Февруари 2025
КАРС (АА) - Селото Ченгили во местото Кагизман во турската област Карс го привлекува вниманието со своето историско и културно богатство, известува Анадолу.
Селото, порано познато како Чангли, се издвојува со истоимената црква што потекнува од 11 век.
Црквата е изградена од црни вулкански камења. Во неа е пронајден грузиски натпис од 1030 година што ја открива историјата на регионот.