Muhammed Bilal Kenasari
05 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Најмалку 27 лица се убиени во оружен напад што се случи денеска во коптската црква во американската сојузна држава Тексас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на локални извори, телевизијата CNN (Си-ен-ен) известува дека во нападот е убиено и двегодишно дете.
Вооружениот напаѓач влегол во коптската црква во местото Сатерленд Спрингс и отворил оган врз присутните.
Локалниот шериф, Џо Такет, соопшти дека напаѓачот бил застрелан и убиен, но не откри кој и како го онеспособил напаѓачот.
Локалните извори известуваат дека на неделните миси во таа црква редовно присуствуваат околу 50 верници, и дека тоа е случај и денес.
Сè уште се чека за официјална потврда на билансот на загинатите и ранетите лица.