Ekrem Biçeroğlu
26 Ноември 2024•Ажурирај: 27 Ноември 2024
ГАЗА (АА) - Најмалку 14 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што вкупниот број убиени од 7 октомври минатата година се зголеми на 44.249, соопшти денес Министерството за здравство во палестинската енклава, известува Анадолу.
Во соопштението на Министерството се додава дека околу 104.746 лица се повредени во израелските напади што траат веќе 417 дена.
„Во последните 24 часа израелските сили убија 14 Палестинци и ранија 108“, соопшти Министерството.
Голем број луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачките екипи не можат да стигнат до нив.
Израелската Армија ја продолжува геноцидната војна во Појасот Газа по минатогодишниот напад на Хамас, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) која повикува на итен прекин на огнот.
На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства извршени на палестинските територии, вклучувајќи го и Појасот Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.