Ekip
13 Март 2025•Ажурирај: 15 Март 2025
ДАМАСК (АА) - Традицијата на будење на верниците за оброкот пред зора (сахур) со тапани за време на светиот месец Рамазан продолжува во главниот град на Сирија, Дамаск, јавува Анадолу.
Во древните улици на Дамаск, тапанџиите, облечени во традиционална локална носија, не само што ги будат луѓето за нивните верски обичаи, туку и заработуваат за живот.
Познати како месахарати, рамазанските тапанџии велат дека со зачувувањето на оваа традиција, светиот месец се чувствува уште посилно.
Еден од нив, Мохамед ал Саван Абу ал Хеџа, ја изрази својата желба да ја продолжи оваа традиција уште многу години и да ја пренесе на идните генерации.
За време на Рамазан, муслиманите постат од зора до зајдисонце, воздржувајќи се од јадење, пиење и физичка интимност.
Во текот на овој месец, тие се охрабруваат да се молат повеќе, особено ноќе, да го читаат светиот Куран, да им помагаат на оние во потреба и да избегнуваат какви било лоши постапки.