Shpetim Hiseni
07 Март 2025•Ажурирај: 11 Март 2025
Познатиот изведувач на илахии од Скопје, Месут Куртиш, со езан повика на молитва во зградата на британскиот Парламент, јавува Анадолу.
Куртиш, кој е познат по интерпретациите на илахии, покрај езанот, повикот за молитва, на ифтарската вечер организирана во Вестминстер Хол, иконски простор во зградата на британскиот Парламент, изведе и делови од својот уметнички репертоар.
Куртиш на социјалните мрежи ја опиша оваа прилика како незаборавен момент.
„Чест ми беше да го испеам првиот езан во Вестминстер Хол. Навистина незаборавен момент. Изведувањето на ‘Ал-Бурда’ и ‘Салават’ во овој иконски простор стар 900 години беше посебен момент за мене“, напиша Куртиш.
Ифтарската програма, организирана од Сепартиската парламентарна група за британските муслимани, собра лидери, меѓу кои и британскиот премиер Кир Стармер, амбасадорот на Палестина во Велика Британија, Хусам Зомлот, британски пратеници и верски водачи.