култура и уметност

Сенегал: Уникатните „кар рапид“ минибуси, подвижна уметност и симбол на градската култура

Секое возило е украсено на свој начин, пренесувајќи пораки за верувањата, животната филозофија, па дури и за семејните вредности на сопственикот

Aida Cako  | 01.06.2025 - Обновена : 02.06.2025
Сенегал: Уникатните „кар рапид“ минибуси, подвижна уметност и симбол на градската култура Фото: Cem Özdel/АА

СКОПЈЕ (АА) – Шарените и препознатливи „кар рапид“ минибуси, кои повеќе од шест децении се користат за урбан транспорт во главниот град на Сенегал, Дакар, се соочуваат со ризик од исчезнување, под притисок од процесот на модернизација и замена со понови превозни средства, јавува Анадолу.

Овие минибуси се многу повеќе од едноставни превозни средства.

Со тоа што се уникатно и рачно насликани однадвор, тие претставуваат подвижна уметност и симбол на градската култура.

Секое возило е украсено на свој начин, пренесувајќи пораки за верувањата, животната филозофија, па дури и за семејните вредности на сопственикот.

Имено, преку нивното визуелно изразување, може да се откријат детали, како религијата на возачот или името на неговата мајка.

Во текот на децениите, „кар рапид“ станаа симбол на Дакар и важен дел од секојдневниот живот на илјадници жители, овозможувајќи им достапен и карактеристичен начин на движење низ метрополата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.