култура и уметност

Северна Македонија се пласираше во финалето на Евровизија

Претставничката на Северна Македонија, Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) обезбеди место во финалето на 64. Евровизија

Admir Fazlagic  | 17.05.2019 - Обновена : 17.05.2019
Северна Македонија се пласираше во финалето на Евровизија

СКОПЈЕ (АА) - Претставничката на Северна Македонија, Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) обезбеди место во финалето на 64. издание на Евровизија, што се одржува во Тел Авив во Израел, јавува Anadolu Agency (AA).

Покрај Северна Македонија, во финалето влегоа и Албанија, Холандија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.

На првото полуфинале, одржано во вторникот, за финале се изборија Грција, Србија, Белорусија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

Директно во финалето одат домаќинот Израел, Германија, Италија, Франција и Шпанија.

Финалето на годинашниот Евросонг ќе се одржи в сабота, на 18 мај, во Тел Авив.

Потсетуваме, последен пат, Северна Македонија имаше претставник во финалето на Евровизија пред седум години, кога настапи Калиопи со песната „Црно и бело“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.