култура и уметност

Царскиот воен музеј во Лондон изобилува со реликвии од поранешни војни

Основан е во 1917 година, пред повеќе од 100 години. Овој музеј на југот од Лондон е неизоставна знаменитост како на локалното население, така и на туристите

Ahmet Gürhan Kartal  | 18.05.2019 - Обновена : 19.05.2019
Царскиот воен музеј во Лондон изобилува со реликвии од поранешни војни (Foto: Ahmet Gürhan Kartal/ AA)

ЛОНДОН (AA) - Лондон е град преполн со интересни музеи кои нудат увид во историјата на човештвото. Меѓу нив е и Царскиот воен музеј (Imperial War Museum), кој се наоѓа јужно од реката Темза, во близина на железничката станица „Elephant & Castle“, а кој секојдневно го посетуваат стотици луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).

Основан е во 1917 година, пред повеќе од 100 години. Овој музеј на југот од Лондон е неизоставна знаменитост како на локалното население, така и на туристите.

Целта била да се соберат и да се прикажат материјали, поточно записи за искуствата на сите луѓе во текот на војната.

Реликвиите од двете големи војни и потсетниците на поновите судири чекаат посетители за да ги информираат за значајните денови од историјата.

Меѓу експонатите се и две поморски оружја, кои се наоѓаат пред музејот, а кои се користени на британските воени бродови во текот на разни вооружени судири од грчкото востание против Османлиите до инвазијата на Нормандија во текот на Втората светска војна.

Репликата „Мало дете“, атомска бомба која САД ја фрлиле на јапонскиот град Хирошима на 6 август 1945 година, е потсетник на еден од најсмртоносните денови во светската историја.

Музејот прикажува и други фасцинантни реликвии од Втората светска војна, вклучувајќи и јапонско борбено летало кое е пронајдено на пацифичкиот остров неколку години по војната, германски мотоцикл, дизајниран од страна на БМВ за нацистичките сили, и авион „Хариер“, кој го користел „Royal Air Force“ во Авганистан во војната против талибанците.

Бронзениот нацистички орел со кој некогаш била украсена зградата на канцеларијата на Рајхот во Берлин, изложен е со низа јапонски мечеви.

Изложен е и бел извиднички автомобил со амблем на ОН кој британските војници го користеле за патролирање на „Зелената линија“ на Кипар, откако островот се поделил.

Тука е и руина од цивилниот автомобил кој е уништен во самоубиствениот напад во книжарницата во Багдад во 2007 година.

Воениот музеј во 1920 година во Кристалната палата го отворил Џорџ V. 

Од 1924 до 1935 година бил сместен во две галерии во близина на поранешниот Царски институт во Јужен Кенсингтон.

Во јули 1936 година, војводата од Јорк, кој набргу станал крал Џорџ VI, повторно го отворил музејот во својата сегашна куќа на Ламбет Роуд во јужен Лондон, некогаш средишниот дел на кралската болница „Бетлем“.

Музејот е бесплатен за сите посетители.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın