Oktaj Omeragikj
27 Февруари 2025•Ажурирај: 02 Март 2025
КРАКОВ, Полска (АА) - Луѓето застануваат во ред додека чекаат да купат полски крофни за време на „Дебелиот четврток“ во Краков, Полска.
По повод денот „Дебелиот четврток“ во Полска, традиционално луѓето застануваат во ред за да ги купат познатите полски крофни и јадат десетина или повеќе. Дебелиот четврток е ден поврзан со црковниот календар.
Овој ден за многу Полјаци е последниот ден за јадење многу мрсна, слатка храна и пиење алкохол пред Великиот пост.