Ayşe Aktaş
03 Јануари 2018•Ажурирај: 04 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Жирито на Меѓународниот натпревар за најдобра фотографија „Istanbul Photo Awards 2018“, кое по четврти пат го организира Anadolu Agency (AA), на кое своите своите фотографии до 31 јануари можат да ги пријават фоторепортерите од сите делови на светот, и оваа година ќе го сочинуваат светски познати фоторепортери и уредници на фотосервиси од најпрестижните медиумски куќи, весници и списанија.
Како и минатата година, жирито и оваа година го сочинуваат уредничката на дигиталниот сектор во списанието „Paris Match“ Марион Мертенс, спортскиот фоторепортер на „Getty Images“ Камерон Спенсер, познатиот фоторепортер на агенцијата „Noor“ Јури Козирев, фоторепортерот од „Getty Images“ Џорџес Де Керл, шефот на Кабинетот за развој на фотографии на „AFP“ Мајкл Ското, како и уредникот на визуелните вести на АА, Ахмет Сел, и уредник на фотосервисот на АА Фират Јурдакул.
Освен нив, во овогодинeшното жири на „Istanbul Photo Awards“ ќе се најдат уште две имиња, меѓународно признатиот уредник на фотографија Андреј Поликанов и минатогодишниот добитник на првата награда на ова натпреварување Федерик Лафарж.
- Нови членови на жирито -
Андреј Поликанов пред да стане уредник на фотографија, како слободен новинар известуваше од судирите во регионите како Нагорно Карабах, Таџикистан и Чеченија, а во тој период забележа многу значителни фотографии. Неговите дела се објавени во медиумите „Time“, „New York Times“, „Stern“, „Focus“, „Spiegel“, „Paris Match“... До 2015 година ја вршеше функцијата на уредник на фотографија на „Times“ канцеларијата во Москва, а денес е директор на фотографија во „Russian Reporter Magazin“.
Федерик Лафарж работеше како фоторепортер во голем број француски списанија, а веќе подолго време е фоторепорер на „Gamma Press“. По 2001 година е фокусиран на случувањата во Блискиот Исток, а неговите дела од овој регион се објавени во медиумите како што се „Newsweek“, „Time“, „Le Monde“, „Stern“, „Guardian“... Моментално ги следи случувањата врзани за Палестина, Иран, Сирија и Египет. Неговата фотографија „Бегство од ДЕАШ“, која ја сними во Ирак за „Paris Match“, на минатогодишниот „Istanbul Photo Awards“ е избрана за фотографија на годината.
- Натпреварувањето отворено до 31 јануари, резултати во март -
Натпреварот „Istanbul Photo Awards“ е отворен за сите професионални фоторепортери во светот, а оние кои сакаат да учествуваат своите фотографии можат да ги испратат до 31 јануари 2018 година. Резултатите и победниците на натпреварот ќе бидат познати со одлуката на жирито во март. Официјален спонзор на натпреварувањето е „Turkish Airlines“ (Туркиш ерлајнс), а поддршка пружи и Турската агенција за меѓународна соработка и координација (ТИКА).
Детални информации за натпреварот заинтересираните можат да ги добијат на интернет страницата istanbulphotoawards.com