култура и уметност

Портофино - Бисерот на италијанската ривиера блеска во боите на пролетта

- Малото приморско гратче Портофино, сместено во регионот Лигурија на северот на Италија, блеска во полн сјај, пречекувајќи илјадници туристи кои уживаат во неговата природна убавина и шармантна архитектура

Aida Cako  | 27.04.2025 - Обновена : 30.04.2025
Портофино - Бисерот на италијанската ривиера блеска во боите на пролетта

СКОПЈЕ (АА) - Малото приморско гратче Портофино, сместено во регионот Лигурија на северот на Италија, блеска во полн сјај, пречекувајќи илјадници туристи кои уживаат во неговата природна убавина и шармантна архитектура, јавува Анадолу.

Гратчето е опкружено со туристички бродови и луксузни јахти, додека се издвојува со своите живописни куќи, зеленилото кое се прелева по ридовите и смарагдно зелените води на Лигурското Море.

Портофино е препознатливо по своите обоени фасади кои го красат заливот, во кој се вкотвени јахти, но и неколку традиционални рибарски чамци.

Кристално чистите води на Портофино нудат идеални услови за пливање, нуркање и возење со чамци.

Посетителите кои претпочитаат копнени авантури можат да уживаат и во пешачење низ бројните патеки што водат до панорамски точки од кои се отвора поглед кон морето.

Портофино денес претставува една од најпосетуваните дестинации на италијанската ривиера и важи за едно од најромантичните места во земјата, комбинирајќи природна убавина, културно наследство и модерен луксуз.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.