Во Скопје започна меѓународен симпозиум за балканскиот поет и научник Абдулфетах Рауф
На симпозиумот, професори и експерти од своите области ќе дискутираат во различни сесии за песните, литературниот јазик, темите и местото на Абдулфетах Рауф во балканската литература

СКОПЈЕ (АА) - Денес во Скопје започна Вториот меѓународен симпозиум за балканскиот поет и научник Абдулфетах Рауф, во организација на Фондацијата за балкански студии, во соработка со Институтот „Јунус Емре“ и Сојузот на писатели на Туркије, јавува Анадолу.
На отворањето на програмата присуствуваа претставници на турските институции и организации во земјата и бројни гости.
Претседателот на Сојузот на писатели на Туркије, проф. д-р Муса Казим Ариџан, во своето воведно излагање го изрази своето задоволство што е дел од овој симпозиум.
„Два дена ќе зборуваме за Абдулфетах Рауф Ефенди, носител на многу длабока култура и историја, голем интелектуалец“, рече тој.
Директорот на Институтот „Јунус Емре“, Јунус Дилбер, изјави дека речиси 30 научници од Туркије ќе дискутираат за Абдулфетах Ефенди од различни перспективи.
„Како Институт ‘Јунус Емре’, со задоволство придонесуваме за глобалната промоција на Абдулфетах Ефенди, кого можеме да го наречеме научник на цивилизацијата, поет на цивилизацијата, и за развојот на меѓукултурното разбирање“, рече тој.
Севба Абдула, претседател на Фондацијата за балкански студии, изјави дека Фетах Ефенди имал заеднички точки со Јигит паша, Иса-бег и Јахја Кемал и дека ова име е исклучително важно во однос на историјата на скопско и османлиското присуство на овие простори.
На симпозиумот, кој ќе заврши утре, професори и експерти од своите области ќе дискутираат во различни сесии за песните, литературниот јазик, темите и местото на Абдулфетах Рауф во балканската литература.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.