Mohammed Yahya Ahmad Mohammed,Halime Afra Aksoy
29 Јуни 2021•Ажурирај: 30 Јуни 2021
ГАЗА (АА) - Палестинските уметници во блокираниот Појас Газа отворија изложба на современи уметнички дела што го свртуваат вниманието на проблемите на Палестина, која е под израелска окупација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Изложбата во организација на Центарот за култура и уметност во Газа вклучува приближно 100 дела од 70 палестински уметници.
Во изложбата вклучени се фотографии, скулптури и слики.
Покрај сликите и макетите на Месџид-и Акса и џамијата „Кубету Сахара“, има уметнички дела што ја прикажуваат приврзаноста на Палестинците кон нивната земја, израелското угнетување на Палестинците и улогата на жените во општеството.
Претседателот на Управниот одбор на Центарот за култура и уметност во Газа, Ешреф Сахвил, истакна дека со оваа изложба сакаат да го свртат вниманието на проблемите на Палестина, која се наоѓа под израелска окупација.
Наведувајќи дека изложбата е порака за посветеноста на Палестинците кон нивната земја и нивните легитимни права, Сахвил нагласи дека палестинскиот народ, кој бил изложен на напади, ќе ја продолжи својата борба преку уметничките четки и зборот.