Eşref Musa,Mohamad Misto,Mehmet Burak Karacaoğlu
29 Јуни 2021•Ажурирај: 30 Јуни 2021
ДЕИР ЕЗ ЗОР (АА) - Ракетен напад е извршен врз нафтеното поле „Ал-Омар“, контролирано од Соединетите Американски Држави (САД), од подрачјето на Мајадин во сириската област Деир ез Зор, што е под контрола на режимот на Башар ал Асад и милитантните групи поддржани од Иран, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ал-Омар, кое е најголемото нафтено поле во Сирија, каде што се присутни САД и терористичката организација ЈПГ/ПКК, беше нападнато со проектили Град“, велат локални извори.
Најмалку пет ракети се лансирани од подрачјето Мајадин, каде што бројката на вооружените групи поддржани од Иран се зголемува, а некои од ракетите паднаа во близина на воената база што е блиску до нафтеното поле каде што се наоѓаат американските сили.
Претходната вечер, САД извршија воздушен напад врз групите поддржани од Иран во сирискиот кварт Ал-Букамал, што се граничи со Ирак.
Делови од Деир ез Зор на исток од реката Еуфрат се под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК, поддржана од САД, додека центарот на градот и деловите источно и западно од Деир ез Зор се под контрола на режимот на Асад и групите поддржани од Иран.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК го окупираше најголемото нафтено поле во Сирија, Ал-Омар, на 22 октомври 2017 година.
Продолжувајќи ја поддршката за терористичката организација, американските сили во моментов имаат присуство во повеќе од 10 бази и воени точки во регионите окупирани од ЈПГ/ПКК во областите Хасека, Рака и Деир ез Зор.