Admir Fazlagic
15 Јуни 2017•Ажурирај: 16 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Од утре до 25 јуни во рамките на 12. издание на фестивалот „Баскерфест“ ќе настапат над 50-тина изведувачи од светот, акробати, жонглери, танчери, магионичари, кловнови и музичари, пренесува Anadolu Agency (AA).
По тој повод, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски на денешната прес-конференција ги повика сите граѓаните да дојдат и уживаат во содржините кои ќе ги понуди овој фестивал.
„Покрај улични артисти и жива музика, посетителите ќе може да уживаат во претстави, пантомима перформанси, улични танчери, креативни работилници, ликовни изложби, базар на ракотворби и работилници со артисти. Ќе има можност за различни возрасни категории и вкусови да можат да ужуваат во се што ќе пружи годинашниот „Баскерфест“, изјави Трајановски.
Тој додаде дека Скопје е прв град на Балканот што го организира овој фестивал, почнувајќи од 2006 година.
Според најавите на организаторите, ново годинава е што за прв пат ќе има шоу со балони, како и интересен спектакла на група музичари со ударни инструменти од Романија и повеќе циркуски настапи.
Манифестацијата се одржува на три локации на плоштадот „Македонија“.
„Баскерфест“ е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков вид во регионот. Дебито на Баскерфест се случи во 2006 година и се покажа како успешно заокружување, со програма во која беа вклучени повеќе од 50 артисти, акробати, танчери, магионичари, музичари, жонглери.
Оваа традиција продолжува секоја година со сѐ повеќе учесници од различни земји во светот, како што се Австралија, Канада, Аргентина, Полска, Италија, Нов Зеланд, САД, Германија, Ирска, Јапонија, Колумбија,Боливија и други земји.