Ahmet Gürhan Kartal
15 Јуни 2017•Ажурирај: 16 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) - Израелскиот автор Дејвид Гросман вчера стана добитник на меѓународната Букерова награда за 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Коњ влегува во бар“ (еден од најпознатите критички признати романи минатата година) ја доби наградата за најпозната литературна фигура на церемонијата одржана во познатиот лондонски музеј „Викторија и Алберт“.
Жирито, вклучувајќи ја турската писателка Елиф Сафак, го прогласи романот достоен за овогодишната награда.
Романот којшто ја раскажува приказната за стенд-ап комичарот Довалех Гринштајн, кој настапува во клуб во мал град во Израел, преведен е на анлиски јазик од страна на Џесика Коен и е објавен од издавачката куќа „Џонатан Кејп“.
Гросман (63) е најпродаван израелски писател на фикција, детска литература и други литературни жанрови, а неговите дела се преведени на 36 јазици.
Тој претходно има освоено голем број глобални награди, вклучувајќи ги the French Chevalier de l’Ordre des Arts et des Lettres, Buxtehuder Bulle во Германија, Rome’s Premio per la Pace e l’Azione Umanitaria, the Frankfurt Peace Prize и Israel’s Emet Prize.
Гросман е познат по својата отворена и директна критика на Израел за правата на Палестинците.