Fuat Kabakçı
03 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
ПЕКИНГ (АА) - Еден од најголемите кинески верски објекти, Небесниот храм, или Tиантан како што го нарекуваат во Кина, веќе 500 години е во служба на народот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 1998 година овој храм беше ставен на листата на светско наследство. Многумина го нарекуваат симбол на Пекинг. Комплексот е изграден во 1420 година, за време на владеењето на царот Јонле, кој исто така издаде наредба да се изгради Забранетиот град во Пекинг.
Станува збор за најголемиот и најширокиот храм во Кина. Тој зафаќа површина од 2,7 квадратни километри. Делот наменет за молитва за успешна жетва е голем триспратен кружен објект висок 38, а широк 36 метри.
Во него се наоѓаат 12 внатрешни и 12 надворешни столбови, кои го симболизираат традиционалното кинеско сметање на времето.
По возобновувањето во 1998 година, храмот беше отворен за туристите. Во рамките на храмот се наоѓа голем парк во кој граѓаните изложуваат традиционални предмети.
Некои делови од храмот се претворени во изложбен простор.