Şenhan Bolelli
03 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
МАДРИД (АА) - Шпанскиот суд ја прифати тужбата против Колумбијците Шакира и Карлос Вивес под образложение дека текстот на песната „Ла Бициклета“ е украден, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Мадрид соопшти дека е прифатено барањето на кубанскиот пејач Ливан Рафаел Кастелано Валдес против Шакира и Вивес.
Валдес тврди дека песната ’Ла Бициклета’ е иста со онаа што тој ја направил во 1997 година, насловена како „Јо те кјеро танто“ (Yo te quiero tanto).
Во барањето за тужбата се наведува дека во песната „Ла Бициклета“ е променет само рефренот и оти, и покрај тоа што Вивес е запознат со тоа, не побарал дозвола.
Покрај обвинувањето против Шакира и Вивес, Валдес во барањето ги обвинува и фирмите „Сони мјузик латин“, „Сони мјузик ентертејмент“, „Сони АТВ паблишинг холдингс Спеин“ и „ЕМИ мјузик паблишинг Спеин“.
Песната минатата година ја доби наградата Греми во делот за латинска музика, а низ целиот свет досега е продадена во 210.000 примероци.