Mehmet Alaca
29 Јули 2022•Ажурирај: 29 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Обвинителите во Шпанија побараа затворска казна на повеќе од осум години за познатата пејачка Шакира поради затајување данок, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на латиноамериканската новинска агенција „Ла пренса латина“, шпанските обвинители изјавиле дека колумбиската пејачка би можела да биде осудена на осум години и два месеци затвор поради наводи за затајување данок од 14,5 милиони евра во периодот меѓу 2012 и 2014 година.
По одбивањето на Шакира да го реши случајот за затајување данок, обвинителот, според наводите на следното рочиште, покрај затворската казна ќе побара и парична казна од над 23 милиони евра.
Шакира вчера ја објави својата одлука да се обрати до судот за да ја докаже својата невиност наместо да направи компромис.
Судот во Барселона во мај ги отфрли приговорите на Шакира, која беше обвинета за затајување данок од 14,5 милиони евра со криење на приходите во периодот од 2012 до 2014 година, кога престојувала во Шпанија.