Dildar Baykan
11 Август 2018•Ажурирај: 13 Август 2018
ЊУЈОРК (AA) - Дилдар Бајкан -
Перформансот на музичарите во њујоршкото метро, кое дневно го користат милиони луѓе, е посебен за сите оние кои по напорниот работен ден патуваат со возовите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Њујоршката управа за сообраќај (MTA), 350 музичари, во рамките на Програмата „Music Under New York“, на околу 30 локации, годишно имаат повеќе од 7.500 перформанси.
Целта е, истакнаа од Њујоршката управа за сообраќај, содржински да се збогати јавниот превоз. Њујоршкото метро е најголемо и најстаро во светот. Официјално има 468 станици, во должина од 390 километри. Њујоршкото метро, кое со работа започна во 1904 година, сè уште користи технологија која ја користело и пред 80 години.
Оние кои користат метро во најчудесниот, како што многумина го нарекуваат, град во светот, секојдневно наидуваат на различни проблеми во транспортот.
Меѓутоа, музичките перформанси се обид, на патниците да им се олесни користењето на јавниот превоз. Иницијативата за музичките перформанси настанала во 1985 година, а нејзината имплементација во 1987 година.
Во јануари секоја година, музичарите имаат можност да аплицираат за учество во проектот. Покрај њујоршкото метро, тие ги забавуваат граѓаните и на некои други важни места во овој град, како што се Гранд Централ и Пен.
Граѓаните имаат можност да слушаат музички изведби, од џез и класична музика, па до некои локални познати песни.
Сусан Кесер е една од оние кои уживаат со својата музика да им го разубавуваат секојдневјето на граѓаните на Њујорк.
Често свири композиции од Вивалди и Моцарт. Во разговор за AA раскажа дека потекнува од музичко семејство. Со музиката започнала да се занимава кога имала девет години.