Zuhal Demirci
30 Јуни 2023•Ажурирај: 02 Јули 2023
МАНЧЕСТЕР (АА) - Меѓународниот фестивал во Манчестер (MIF) почна синоќа, собирајќи ги уметниците од различни делови на светот, јавува Анадолу.
Станува збор за престижен настан во организација на „Factory International“, а се одржува на секои две години од 2007 година.
Меѓу бројните настани и различни перформанси, посетителите ќе можат да ја разгледаат изложбата на јапонската уметничка Јајои Кусама на тема „Ти, јас и балони“.

Претставена е колекцијата на најзначајни дела на 94-годишната современа уметничка од последните 30 години, од кои поголемиот дел не биле изложени во Велика Британија.
Покрај тоа, на Меѓународниот фестивал во Манчестер ќе бидат претставени новите револуционерни дела на познати уметници, вклучувајќи ги Максин Пик, лајв фотографски перформанс на Бенџи Рид, а во музичката програма се очекува да настапат Анжелик Киџо и Алисон Голдфрап.
На фестивалот ќе се одржи и вечер на танци и музика на наградуваните кореографи Шерон Ејал и Гај Бехар и од издавачката куќа „Јанг“.
Фестивалот за љубителите на уметноста ќе биде отворен до 16 јули.
