Lokman İlhan
18 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
БОГОТА (АА) - Со поворка во Богота, главниот град на Колумбија, започна 16. Иберо-американскиот театарски фестивал, јавува Anadolu Agency (AA).
На церемонијата на отворањето на Фестивалот, учествуваа 700 драмски уметници, кои прошетаа до плоштадот „Боливар“.

Илјадници Колумбијци уживаа во програмата во која учествуваа бендови и уметнички групи. Како дел од овогодишниот фестивал, се планира да се одржат театарски претстави низ градот.
Фестивалот, на кој ќе се одржат и танцови претстави, ќе трае до 1 април.
Свој настап на Фестивалот ќе имаат театарски групи, 18 од Колумбија и 40 од 15 други земји.