Abdullah Aşıran
23 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
РОТЕРДАМ (АА) - Италијанската рок-група „Манескин“ победи на 65-та Евровизија што се одржа во Ротердам, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во финалето во „Ахој арената“ се натпреваруваа претставниците од 26 земји, пред публика од 3.500 лица што требаше да приложат негативен тест за коронавирус пред да влезат во салата.
„Манескин“ победи на натпреварот со „Зити е буони”, откако доби 524 поени.
„Воила“ на Барбара Прави од Франција беше втора со 499 поени, а „Тут л'универс“ од швајцарскиот претставник Ѓон Тирс беше трета со 432 поени.
Претставувајќи го Азербејџан со „Мата Хари“, Ефенди заврши на 20-то место со 65 поени.
Претставникот на Велика Британија, Џејмс Њуман, со композицијата „Емберс“ заврши на последното место, неосвојувајќи ниту еден поен.
Натпреварот беше следен во живо во 45 земји.
Изборот на песна за Евровизија беше одложен во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот.