Hatice Özdemir Tosun
31 Мај 2021•Ажурирај: 01 Јуни 2021
АНТАЛИЈА (АА)
- Хатиџе ОЗДЕМИР ТОСУН
Заменик-министерот за култура и туризам, Надир Алпаслан, истакнувајќи дека соработуваат со сите земји за враќање на историските артефакти шверцувани во странство од Турција, рече дека и оваа година ќе има артефакти што ќе бидат донесени во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Под водство на Министерството за култура и туризам во тек се напорите за враќање на културните добра изнесени во странство од Анадолија, која е лулка на цивилизациите.
Како последно, во Турција беше донесен 1700-годишниот скулптура на Кибела откако претходно бил прошверцуван во Израел. Се верува дека Кибела била симбол и заштитничка на плодноста во праисториските периоди. Споменикот на Кибела сакале да го продадат на една аукциска куќа во САД.
Министерството продолжува интензивно да работи на донесувањето артефакти во земјата, по правни патишта и преку преговори.
- „Од 2002 година вратени се повеќе од 4.200 дела“
Заменик-министерот Алпаслан во изјавата за дописникот на АА рече дека има многу дела што се илегално однесени во странство.
Наведувајќи дека од 2000-тата година се спроведуваат интензивни работи за враќање на овие дела во Турција, Алпаслан рече дека покрај Министерството за култура и туризам, напорно работеле и Министерството за надворешни работи, Генералниот директорат за безбедност, Командата на жандармеријата и судството.
Посочувајќи дека сите единици работат вредно и несебично во врска со враќањето дури и на најмалото дело однесено од Турција, Алпаслан рече: „Повеќе од 4.200 дела се вратени во Турција од 2002 година. Имаме исто толку предмети на кои работиме. Минатите денови потпишавме многу важен договор за враќање на дела што ѝ припаѓаат на Турција од Америка.“
Посочувајќи дека работат за враќање на сите уметнички дела што ѝ припаѓаат на Турција, а се надвор од земјата, Алпаслан рече дека работат на тоа овие дела да се вратат назад и по правни патишта и преку преговори.
- „Делото треба да биде изложено во земјата од каде што потекнува“
Заменик-министерот Алпаслан истакна дека благодарение на активносите што се спроведуваат, историските артефакти постепено се враќаат во земјата.
Наведувајќи дека активностите што ги спроведуваат не се однесуваат само за донесување на турски артефакти од странство, туку и за враќање на артефактите во Турција коишто им припаѓаат на други земји, Алпаслан продолжи со зборовите:
„Ги враќаме и артефактите кои беа украдени од Сирија, за време на преврирањата на на Блискиот исток што започнаа со Арапската пролет, а кои се пронајдени во нашата земја. Наш принцип е дека артефактот треба да биде изложено во земјата од каде што потекнува и да остане таму. Според нас тоа така треба да биде. Во тие рамки, како Република Турција, со полна пареа работиме артефактите шверцувани од Блискиот исток да бидат вратени во матичните земји и во нашата земја да ги вратиме илјадниците артефакти што се шверцувани во странство.“
Истакнувајќи дека многу важни историски вредности на Турција, што се изгубени и однесени во странство, ќе продолжат да се враќаат во земјата, Алпаслан рече: „Имаме добри вести оваа година, ќе има дела што ќе се вратат во нашата земја. Има предмети на кои работиме, соработуваме со сите земји.“