Furkan Abdula
04 Октомври 2023•Ажурирај: 10 Октомври 2023
ЕРБИЛ (АА) - Калиграфот од ирачкиот град Ербил комбинира модерни и класични стилови во својата уметност, јавува Анадолу.
Дваесет и шестгодишниот Абдулбари Абдулхалек работи на калиграфија во градот Ербил во Ирак.

Абдулхалек прави слики со комбинирање на модерни и класични стилови од калиграфската уметност што ја научил од својот вујко.
Тој планира да отвори и изложба на која ќе ги изложи своите специјални слики.
Калиграфијата е вековна практика на пишување букви од арапско потекло на одмерен и пропорционален начин, притоа земајќи предвид одредени естетски вредности.
