Admir Fazlagic
04 Април 2018•Ажурирај: 05 Април 2018
СКОПЈЕ (АА) - Институтот „Јунус Емре" - Скопје денеска донираше 1050 книги на турски јазик на Катедрата за турски јазик и книжевност при Филолошки Факултет „Блаже Конески" на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
По тој повод на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" во Скопје се одржа пригодна свеченост на која присуствуваше амбасадорката на Република Турција Тулин Еркал Кара, Шемсетин Шекер, директорот на Институтот „Јунус Емре" - Скопје, Јованка Лазаревска – Станчевска, продекан на Филолошки факултет „Блаже Конески" - Скопје, Октај Ахмед, шеф на Катедрата за турски јазик и книжевност во Скопје, како и професори и студенти од оваа катедра.

Амбасадорката Кара при посетата на Катедрата за турски јазик во Скопје ги поздрави и студенитите и разговараше со нив, а студентите се заблагодарија на амбасдорката за посетата и поддршката. Таа истакна дека се горди поради можноста за поддршката и помошта на Република Македонија, како и за сите земји кои имаат потреба од тоа.
„Во Македонија, која ја чувствуваме како блиска и пријателска земја и први ја признавме нејзината самосотојност, ваквата соработка и донации ќе продолжат и во идинина", рече амбасадорката Кара.
Директорот на Институтот „Јунус Емре" - Скопје рече дека денешниот настан се одржува под покровителство и поддршка на амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара.
„Ова е знак дека Турција и во научна смисла ќе им пружи секаков вид на поддршка на Катедрата за туркологија. Ќе донираме и 8 постери", рече Шекер. Тој информираше дека тие како Институтот „Јунус Емре" потпишале Протокол за туркологија со четири универзитети во Македонија.
„Под опсегот на овој Протокол обезбедуваме поддршка за Катедрата за турски и книжевност на Универзитетот 'Кирил и Методиј', наставен материјал за научно и образвно истражување", информираше Шекер и додаде дека ќе продолжат со поддршката во насока на барањата на Универзитетот.
Јованка Лазаревска – Станчевска, продекан за настава и редовен професор на Филолошки Факултет Блаже Конески – Скопје, во име на Деканатот се заблагодари за посетата на амбасадорката Кара и на директорот на „Инстутот Јунус Емре" - Скопје, Шемсетин Шекер.
„Би сакала да се заблагодарам за посетатата и за добрата волја, како и за подарокот на околу 1000 книги што се важни за работата и функционирањето на Турската катедра и голема благодарност за желбата за понатамошна соработка", рече продеканката Лазаревска – Станчевска.
Таа додаде дека турските универзитети се секогаш пример за добра пракса и многу се важни за соработка, поради што, како што рече Лазаревска-Станчевска, потребно е Филолошкиот факултет со нив да воспостави соработка.