свет, култура и уметност

Египетските пирамиди во Дахшур едни од најстарите и најдобро зачуваните пирамиди во Египет

Дахшур, која се наоѓа на околу 40 километри јужно од Каиро, е древна кралска некропола и тука се сместени пионерските структури што ги одразуваат раните архитектонски експерименти на Египет

Aida Cako  | 31.08.2025 - Обновена : 31.08.2025
Египетските пирамиди во Дахшур едни од најстарите и најдобро зачуваните пирамиди во Египет Фото: Fareed Kotb/AA

СКОПЈЕ (АА) - Свитканата пирамида и Црвената пирамида во Дахшур, кои се меѓу најстарите и најдобро зачуваните пирамиди во Египет, продолжуваат да го привлекуваат вниманието на светот со историја од околу 4.600 години, јавува Анадолу.

Дахшур, која се наоѓа на околу 40 километри јужно од Каиро, е древна кралска некропола и тука се сместени пионерските структури што ги одразуваат раните архитектонски експерименти на Египет. Пирамидите, нарачани од фараонот Снефру, основач на четвртата династија, во 26 век пр.н.е., се сметаат за револуционерни споменици од тој период.

Свитканата пирамида се разликува од сите други египетски пирамиди со необичниот облик што го добила поради проблемите што настанале при изградбата. Тоа ги одразува инженерските предизвици и пристапот на обиди и грешки од таа ера.

Во близина се наоѓа Црвената пирамида, именувана по црвеникавиот варовник што се користел во изградбата, која се смета за прва целосно завршена „вистинска“ пирамида, означувајќи пресвртница во еволуцијата на монументалниот дизајн во Антички Египет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın