свет

Тензии меѓу антимигрантски крајнодесничарски групи и пропалестинските демонстранти во Австралија

Тензии искрснаа меѓу крајнодесничарските групи и Австралијците кои одржуваат неделни пропалестински демонстрации во градските центри секоја недела поради нападите и масакрите на Израел во Газа

Elena Trenchevska Chekovic  | 31.08.2025 - Обновена : 01.09.2025
Тензии меѓу антимигрантски крајнодесничарски групи и пропалестинските демонстранти во Австралија Фото: Recep Sakar/AA

СКОПЈЕ (АА) - Крајнодесничарски групи ја повикаа австралиската Влада да престане да прифаќа имигранти, на протестите што ги организираа денес во различни градови низ земјата, јавува Анадолу.

Демонстрантите, организирани преку социјалните мрежи, се собраа во центрите на повеќе градови, првенствено во Сиднеј и Мелбурн, за да протестираат против имиграциските политики на Владата.

Демонстрантите побараа построги гранични контроли.

На протестот во Мелбурн, групите носеа австралиски знамиња и преку антимигрантски пораки на транспарентите го искажаа своето негодување.

Тензии искрснаа меѓу крајнодесничарските групи и Австралијците кои одржуваат неделни пропалестински демонстрации во градските центри секоја недела поради нападите и масакрите на Израел во Газа.

Овие тензии наместа ескалираа во судири.

Пропалестинските демонстранти скандираа дека нема место за расизам во мултикултурна земја како Австралија.

Од рано утрото, полицијата во центарот на Мелбурн примени строги безбедносни мерки во обид да спречи судир на двете групи.

Беше распоредена и коњаничката полиција, беше употребен солзавец, а некои демонстранти беа приведени.

Самим Мослих, еден од политичарите што учествуваа на пропалестинските протести, рече дека Мелбурн денес се бранел од фашизмот.

Тој истакна дека една од групите поттикнува насилство, омраза и расизам, и дека не знае за што друго се залага групата освен за фашизам.

Додаде дека тие имаат чиста совест и порача дека секој треба да ја има.

Демонстрациите, кои започнаа во 10:00 часот по локално време, завршија шест часа подоцна кога полицијата ги растера спротивставените групи на различни локации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.