култура и уметност

Директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје се состана со министерот Адеми

„Соговорниците се согласија дека во изминатиот период се реализираа голем број настани преку кои пред публиката, преку различни културни содржини, беше промовирана турската култура и традиција“, се вели во соопштението.

Admir Fazlagic  | 11.04.2019 - Обновена : 12.04.2019
Директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје се состана со министерот Адеми (Фото: Министерство за култура на Северна Македонија)

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за култура на Република Северна Македонија, Асаф Адеми, се сретна со директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, пренесува Anadolu Agency (AA).

Како што соопшти Министерството за култура, на средбата се разговарало за досегашната соработка помеѓу Институтот „Јунус Емре“ и Министерството за култура, како и за проектите кои ќе се реализираат во текот во оваа и следната 2020 година.

„Соговорниците се согласија дека во изминатиот период се реализираа голем број настани преку кои пред публиката, преку различни културни содржини, беше промовирана турската култура и традиција. За време на средбата, директорот на Институтот „Јунус Емре“ упати благодарност до министерот Адеми за неговите напори за заокружување на процедурата околу објектот „Куршумли ан“, каде што е предвидено да биде сместен Турскиот културен центар“, се вели во соопштението.

Се додава дека соговорниците изразиле уверување дека и во периодот што следува, ќе се реализираат нови проекти преку кои ќе се интензивира соработката во областа на културата помеѓу двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.