Nour Mahd Ali Abu Aisha,Hacer Başer
15 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
ГАЗА (AA) - Во Газа во скромни услови се одржува Саем на книга, јавува Anadolu Agency (AA).
Саемот на книгата е организиран во ограничени услови поради израелската блокада.
Програмата е организирана во културниот центар Рашид ал-Шавва, а своите изданија ги претставија повеќе од десетина издавачки куќи и организации.
Саемот понуди изданија за сите генерации, а посебен интерес покажаа основците и средношколците.
Директорот на Одделот за библиотеки и саеми при палестинското Министерство за култура Мухамед ас Шериф за АА рече дека во текот на подготовките за саемот се соочиле со бројни потешкотии и дека се истакнуваат политичката и културната блокада која Израел ја воведе на Газа.
Појасни дека токму поради блокадата на саемот не можеа да учествуваат изадавачи од странство.
„Дури ниту Унијата на арапските изадачи во Египет поради блокадата не може да учествува на саемот", рече Шериф.
Саемот ќе биде отворен до следната недела.