Seyyid Emin
16 Јули 2020•Ажурирај: 16 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Скопје се одржа програма за читање на делови од светата книга на муслиманите Куранот по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Програмата се одржа под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје, од страна на Советништвото за верски прашања при турската амбасада во Скопје и Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија.
Оваа програма се одржа по вечерната молитва (акшам намаз) во Мустафа Пашината џамија во Скопје.
На програмата учествуваа амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок; вршителот на должноста претседател на ИВЗ на Северна Македонија, Шаќир Фетаху; советникот за верски прашања при турската амбасада во Скопје, Мурат Алкан, скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, муезинот на џамијата „Ахмет Хамди Аксеки" во Анкара, Касан Ќојлу, и имамот на оваа џамија, Мансир Сагир, како и претставниците на турските организации и институции во земјата и бројни граѓани.
Во рамките на програмата, свое обраќање имаше Фетаху кој се осврна на обидот за државен удар кој се случи на 15 јули во 2016 година во Турција.
Тој нагласи дека непријателите не знаат дека Турција има два цврсти столбови, и додаде: „Едниот столб е тоа што Турција има голем лидер како Реџеп Таип Ердоган кој му помага на светот. Вториот столб е нешто што не го знае светот; односно турскиот народ и муслиманите во Турција кои се среќни што му служат на својот претседател, на својот народ и на своето верување. Оваа борба во таа ноќ во 2016 година всушност беше голема победа. На целиот свет му покажа дека Турција е многу моќна и стабилна“.
Исто така и советникот за верски прашања Мурат Алкан даде изјава за медиумите по овој повод.
Во рамки на програмата беа читани делови од Куранот, илахии, како и беа извршени молитви.