Furkan Abdula
29 Март 2017•Ажурирај: 30 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – Денеска се одржа панел-дискусија на темата „15 Јули и новата Турција“, организирана од страна на Меѓунардониот балкански универзитет во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа панел-дискусија учествуваа амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, претставници на турските институции и здруженија во земјава, академици и студенти.
Амбасадорката Кара во својата изјава потсети дека на 15 јули, Турција се соочила со еден предавнички напад, и истакна дека во текот на обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, престојувале на улиците до утринските часови.
„Сакам да кажам дека како што вели нашиот претседател, не треба да значи оти ова што се случи во Турција не може да се случи и во друга држава. Сите претседатели на држави, политичари треба да бидат свесни“, истакна Кара, нагласувајќи дека оваа организација како резултат на 40-годишните напори, навлегла во сите нивоа на државата.
Таа пренесе дека оваа организација има над 600 училишта во САД, а значаен е и бројот на нивните училишта во Европа.
„Тука, во Македонија, имаат 9 училишта. Ова е тоа што ние треба да направиме тука: ве молам, предупредете ги вашите блиски, роднини или пак семејствата што се насочени кон тие училишта, дека тие се едно терористичко гнездо. Ве молам, кажете им дека утре, задутре, тие оружјето ќе го свртат кон нив. Тоа не се образовни установи, за жал, таму се учи тероризмот, за жал, се едуцираат терористи кои ја имаат за цел нашата држава“.
„Како видовте и вие, ова не е програма, не е план на едно лице со основно образование. Многу јасно и видливо е дека нив ги управува повисока интелигенција. Секој од нас треба да се бори за својата татковина, за својата држава. Јасно сакам да кажам дека тие не завршија и нема да завршат, секогаш треба да бидеме свесни. Како што гледате, почнаа со применување на сериозни санкции кон Турција. Како во сите западни земји, секаде бараат можност за здружено да ја нападнат Турција. Што покажува ова? Покажува дека Турција е моќна држава, покажува дека турскиот народ е многу голем народ и покажува дека нивниот страв продолжува“, додаде Кара.
- „Турција по 16 април ќе влезе во еден нов процес“
Меѓу говорниците на панел-дискусијата, главниот советник на турскиот премиер, Мустафа Шен, истакна дека ќе дискутираат во врска со 15 јули, како и во врска со условите произлезени по 15 јули.
„Ќе се потрудам аналитички да ви го презентирам тоа што тие сакале да го направат на 15 јули. Од друга страна, овој процес нѐ води кон една нова Турција. Како што знаете, на 16 април во Турција ќе се одржи референдум. Ќе дискутираме и во врска со претседателскиот систем. Секој ќе види дека по 16 арил, Турција ќе влезе во еден нов процес. Тоа веќе е гаранција за мирот на регионот во кој се наоѓаме. Се надевам дека тоа повеќе ќе нѐ зајакне и ќе нѐ води кон иднината“, истакна Шен.
Шен нагласи дека Турција и Балканот се една „географија“, и дека со сите земји развиле братски односи и ќе ги зајакнуваат овие односи.
Од друга страна, Ректорот на Меѓунардниот балкански универзитет во Скопје, проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу нагласи дека тука се собрале за да дискутираат во врска со последиците од државниот удар на 15 јули во Турција.
Коџајусуфоглу пренесе дека на оваа панел-дискусија со научни истражувања и студии ќе се разговара за 15 јули, и за новата Турција по 15 јули.
На овој настан, од страна на претставништвото на Anadolu Agency (AA) во Скопје беа доделени над 300 книги со наслов „Обидот за државен удар на ФЕТО од минута во минута“. Исто така, на настанот беше отворена изложбата со фотографии на АА во врска со државниот удар на ФЕТО на 15 јули.