Dzihat Aliju
11 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
КОЏАЏИК (АА) - Во селото Коџаџик кое се наоѓа во западниот регион на Македонија се одржа активноста „Поглед од Балканот кон 15 јули“, јавува Anadolu Agency (AA).
Активноста се организираше во Домот на спомен на Али Риза Ефендија, татко на Мустафа Кемал Ататурк, дом кој беше изграден исто како оригиналниот дом, од страна на Претседателството на турската агенција за соработка и развој (ТИКА) во село Коџаџик во општината Центар Жупа. На оваа активност учествуваа амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден, градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибрахим, претставниците на турските институции и здруженија во земјата, како и локални жители.
Амбасадорката Кара во нејзиното обраќање пред присутните истакна дека во фокусот на нејзиниот говор ќе бидат младите, кои се инспирација за неа.
Кара изрази задоволство поради тоа што по повод првата годишнина од крвавиот обид за државен удар кој на 15 јули се обиде да го изврши терористичката организација ФЕТО, се наоѓа во куќата каде Али Риза Ефендија, татко на Мустафа Кемал Ататурк, ја поминал својата младост.
Како што рече Кара, од една страна тагуваат за загинатите херои на 15 јули, а од друга страна го слават празникот на демократијата.
„Со милост се потсетуваме на 250 граѓани, и им се заблагодаруваме на ветераните. Нашата борба за ослободување на нашата демократија започна кога претседателот Реџеп Таип Ердоган во најтешките услови на таа мрачна ноќ ги повика сите граѓани да излезат на улици, особено младите“, рече Кара, истакнувајќи дека во таа ноќ младите, старите, жените, мажите, како и секое лице од сите области во земјата станаа војници за да ја заштитат демократијата и земјата. Таа додаде дека младите беа во преден план во спасување на нивната татковина.
Кара нагласи дека сите млади презеле акција со гордост на 15 јули, и дека тие застанале пред тенковите и го дале потребниот одговор на високата интелегенција и нивните соработници во Турција.
Амбасадорката упати апел до граѓаните за да бидат внимателни кога е во прашање терориситчката организација ФЕТО.
„Во таа крволочна ноќ вие се обединивте во Македонија. Преку молитви вие ги поддржавте вашите браќа во Турција. Им го дадовде потребниот одговор на пучистите како и на ограноците на ФЕТО во Македонија. Млади, сигурно дека ќе поминат овие тешки денови. Имам потполна доверба дека дека нашиот народ ќе достигне до посветла иднина“, рече Кара.
Исто така, турската амбасадорка упати апел до младите преку социјалните мрежи да ги споделат видеата на кои се прикажуваат злосторствата извршени во ноќта на 15 јули од страна на припадниците на ФЕТО.
Во рамките на активноста, во знак на почит кон жртвите се одржа и едноминутен молк, додека две девојчиња ја рецитираа химната на Република Турција.