Besar Ademi
18 Ноември 2016•Ажурирај: 19 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во претседателската палата „Вила Водно“ во Скопје, ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, јавува Anadolu Agency (AA).
По добивањето на акредитивните писма, претседателот Иванов во поздравниот говор и посака добредојде и успех во вршењето на должноста на новата турската амбасадорка, истакнуваќи дека Македонија е земја што негува традиционалното пријателство со Турција. Тој истакна дека односите меѓу двете земји ги карактеризира отворен дијалог, взаемна почит и поддршка, додавајќи дека Турција е искрен пријател и стратешки партнер на Македонија.
„Ние во Македонија никогаш не го забораваме фактот дека Република Турција беше меѓу првите земји што ја признаа независноста на Република Македонија под нејзиното уставно име. Исто така, граѓаните на Република Македонија не го забораваат ниту фактот дека Република Турција беше единствената во регионот која ја поздрави одлуката на Меѓународниот суд на правдата од декември 2011 година“, рече Иванов.
Претседателот Иванов нагласи дека овој заклучок е веќе потврден преку години на интензивна соработка во сите области од заеднички интерес, како и преку бројни средби на високо ниво. Според него, односите меѓу Македонија и Турција се пример за добрососедски односи во регионот и пошироко.
„Иако никогаш не треба да сме задоволни од нивото на економската соработка, сепак, можеме да констатираме дека е направен голем напредок во оваа сфера, со кој Република Турција се вбројува меѓу десетте земји со кои Македонија има најголем обем на трговска размена“ изјави претседателот Иванов.
Иванов ја истакна богатата културна соработка меѓу двете земји, која произлегува не само како резултат на заедничкото културно и историско наследство, туку и од активната улога на турската заедница во Македонија и македонските иселеници во Турција.
Во продолжение на своето обраќање, Иванов истакна дека Македонија е модел на меѓуетнички соживот и почитување на правата, слободите и културното наследство на сите етнички заедници. Според него, ова е зошто Македонија е заинтересирана за максимална соработка со Турција во Алијансата на цивилизацијата, а двете земји имаат што да кажат и што да понудат во оваа иницијатива.
На крајот на поздравниот говор, претседателот Иванов упати поздрави до претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим, како и целиот турски народ.
Од друга страна, новоименуваната амбасадорка на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, го потврди пријателство помеѓу Турција и Македонија, како на државно ниво, така и помеѓу братските народи на двете земји.
„Сведок сум дека односите меѓу Турција и Македонија се одвивале на одлично ниво, како на билатерална димензија, така и на мултилатерална. Верувам длабоко дека нашите односи кои се зајакнале од нашата заедничка историја и културата ќе се развиваат понатаму врз основа на заедничките интереси на нашите земји и народи“, рече амбасадорката Кара, истакнувајќи дека честите посети меѓу двете земји придонесоа за понатамошно подобрување на односите.
Амбасадорката Кара истакна дека еден од факторите за вие блиски односи и соработката е присуството на турските сонародници во Македонија. Таа додаде дека Македонија е мултиетничка и мултикултурна општествена структура, дека Турците секогаш биле лојални граѓани на Република Македонија и интензивно работат за понатамошно зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.
„Сакам да истакнам дека Турција ќе продолжи со својата поддршка во процесот на интеграција во европските и евро-атлантските институции предводени од НАТО на Македонија, во која што различни етнички и верски заедници живеат во мир и спокој,“ рече амбасадорката Кара.