Kübra Kara
17 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - КУБРА КАРА -
Турскиот архитект Мехмет Емин Јилмаз спроведе истражување на територијата на некогашната Османлиска држава и утврди дека во 18 држави вкупно 329 џамии, месџиди, текиња, турбиња и други споменици од османлиската градбена култура се претворени во цркви, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во разговор за АА, Јилмаз рече дека во текот на изминатите десет години патувал во земјите кои некогаш биле во составот на Османлиската држава и таксативно утврдил и ги изброил османлиските објекти кои се претворени во цркви, вклучувајќи ги и минарињата кои се преиначени во црквени ѕвона.
„Турските градби се претворани во цркви поради политички и просторно-демографски причини. Минарињата и џамиите во центрите на големите градови беа симбол на исламот и османлиската доминација во тој период и беа прва цел за рушење по падот Османлиската држава", рече Јилмаз.
Тој истакна дека дел од тие градби е преиначен во цркви поради едноставни просторно-демографски причини бидејќи населбите околу џамиите ги населиле христијани.
„Најчесто во цркви се претворени џамии и месџиди и јас евидентирав 272 такви слуачи. Иста судбина имаа и текињата, турбињата, амамите и други објекти од османлиската архитектура", рече Јилмаз.
Истакнувајќи дека ги посетил сите објекти кои ги евидентирал и дека по Османлискиот период се преиначени во цркви, Јилмаз рече дека на тие објекти воглавно се уништени класични траги од османлиската култура.
Од друга страна, Јилмаз тврди дека во случаите на промена на намената на објектите во Турција не дошло до значително менување на архитектурата и на основните карактеристики на тие објекти.
„Ниту една нација не ја почитува архитектурата на објектите како што тоа го почитуваат Турците. Без било какви комплекси од минатото, Турците не ги менувале карактеристиките на објектите кои се претворени во џамии. Најдобар пример за тоа е Аја Софија. Од 1453 година ја чуваме како свое око и не интервениравме на нејзините црквени карактеристики. Додадовме само михраб, минбер и мунаре. Од надворешниот изглед денес можете да заклучите дека тоа некогаш била црква. Така е и со интериерот. Од друга срана, Европјаните кои џамиите ги претвораа во цркви ги уништија сите првобтни карактеристики", рече Јилмаз.