култура и уметност

Унгарија: Османлиски монумент освои две глобални награди

Турбето Ѓул Баба во Будимпешта ја освои златната награда во категоријата „Јавна инфраструктура“ и сребрена награда во категоријата „Наследство“

Mustafa Talha Öztürk  | 23.07.2020 - Обновена : 26.07.2020
Унгарија: Османлиски монумент освои две глобални награди

БЕЛГРАД 

Споменик од османлискиот период во главниот град на Унгарија, Будимпешта, освои две награди на „Prix d'Excellence 2020“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турбето Ѓул Баба во Будимпешта беше целосно реновирано преку соработката меѓу владите на Турција и Унгарија во 2018 година.

Ова турбе ја освои златната награда во категоријата „Јавна инфраструктура“ и сребрена награда во категоријата „Наследство“, откако Меѓународната федерација за недвижнини (FIABCI) ги оцени најпрестижните проекти во светот.

Турбето е изградено од страна на османлиската власт во Унгарија меѓѓу 1543 и 1548 година со името Ѓул Баба, османлиски бекташиско-дервишски поет и придружник на Султанот Сулејман Први.

Исто така, ова турбе е една од најважните туристички атракции во Будимпешта.

Фактот што турбето Ѓул Баба е добитник на две награди на истиот конкурс, ја открива меѓународната важност на реставрирањето на монументот.

„Многу сме горди и почестени што гробот на Ѓул Баба освои две награди во исто време на една толку важна меѓународна платформа“, рече претседателот на Фондацијата за заштита на наследството на турбето Ѓул Баба, Аднан Полат.

Тој истакна дека гордоста и честа се резултатите од заедничкиот успех на владите на Унгарија и Турција, кои заедно ја реставрираа историската структура и споделуваат многу заеднички дела во нивното минато, вредности и визија за иднина.

Ѓул Баба почина на 2 јули во 1951 година во текот на кампањата во Будим на Величествениот Сулејман. Според историските податоци, Султанот Сулејман лично присуствуваше на неговиот погреб.

Турбето на Ѓул Баба е изградено од страна на Јахја Пашазаде Мехмет Паша.

„Духовната гарда на Будим“ го симболизира турско-унгарското пријателство и се наоѓа во дистриктот познат како „Rose Hill (Rozsadomb)“ во Будимпешта.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın