свет, Коронавирус

Шпанија ја затвори копнената граница со Франција

Шпанија, европска држава која по Италија највеќе е погодена со коронавирусот, привремено ги затвори своите копнени граници со Франција

Şenhan Bolelli  | 28.03.2020 - Обновена : 28.03.2020
Шпанија ја затвори копнената граница со Франција

МАДРИД (AA) - Шпанија ја затвори копнената граница со Франција, што е само една во низата бројни мерки донесени во екот на борбата против коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Шпанија, европска држава која по Италија највеќе е погодена со коронавирусот, привремено ги затвори своите копнени граници со Франција.

По оваа одлука шпанската полиција на граничниот премин во градот Ирун ги врати странските возила кои се обидоа да влезат во таа земја од Франција.

Од друга страна, шпанската влада донесе одлука за забрана за отпуштање од работните места поради коронавирусот се додека не биде запрена здравствената криза во земјата.

Јоланда Диаз, шпанската министерка за труд, изјави дека никој не може оваа криза да ја користи како можност за да ги отпушти работниците од работа.

Според последните податоци на Министерството за здравство на Шпанија, во земјата од последиците на заразувањето со коронавирусот починаа 4.858 лица, додека бројката на заразени надмина 64 илјади.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.