Балкан, Коронавирус

Вучиќ: „Во наредните денови Србија нема да биде во завидна ситуација"

Претседателот на Србија наведе дека земјата нема да биде во завидна ситуаија во наредните денови кога ќе стигнуваат и околу 500 луѓе во болниците, а дека бројот на мртвите дневно ќе биде и до 30

Bojana Stojanovic  | 28.03.2020 - Обновена : 28.03.2020
Вучиќ: „Во наредните денови Србија нема да биде во завидна ситуација"

БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека градовите уште нема да бидат затворани, но дека Србија нема да биде во завидна ситуација во наредните денови коога ќе стигнуваат и до 500 луѓе во болниците, а дека бројот на мртвите дневно ќе биде и до 30, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Нема да ги затвораме градовите уште, нема да донесуваме потешки мерки. Се приближуваме до периодот кога ќе имаме до 30 починати дневно и тоа ќе расте. Среќни сме што во последните 24 саати имавме само една жртва. Ние имаме повеќе жители од другите на Балканот. Ќуприја се појави како ново жариште кога луѓето стигнаа од странство. Ако ги затвориме градовите, најпрвин би ја затвориле Ќуприја", рече Вучиќ во обраќањето до јавноста во Палатата Србија во Белград.

Според него, болниците се се повеќе полни, а во наредните три-четири дена во болниците ќе пристигнуваат од 200 до 500 луѓе.

„Мојата молба до сите е: Не излегувајте од дома и тоа е единствен начин да се сочувате себеси и своите блиски. Се останато што би ви говореле сејкој ден е бесмислено доколку тоа не го направиме", рече Вучиќ.

Тој потсети дека во овој момент во Србија има 528 лица заразени со коронавирусот, а осум починати.

„Вкупната бројка на хоспитализирани е 302, додека бројката на отпуштени пациенти, односно излекувани е 42. Просек на години е околу 66 за починатите, додека просекот за хоспитализираните е понизок", додаде Вучиќ.

Во Клиничко Болничкиот центар „Драгиша Мишовиќ" има 156 слободни респиратори и уште ќе бидат набавени.

„Очекуваме уште неколку стотици респиратори во наредните 10 ил и12 дена", рече Вучиќ.

Како што појасни ќе биде потребно да се градат и нови болници и да се пронајдат и нови места кои ќе бидат претворени во болници, како што е салата „Пионир" во Белград.

„Секој ден се повеќе луѓе одат на респиратори и се повеќе доаѓаат во болниците", рече Вучиќ.

Претседателот на Србија најави и дека стигнуваат 15 милиони маски во наредните 3 дена.

Вучиќ, коментирајќи ги наводите дека Србија конфискувала три респиратори на Црна Гора, рече дека тоа не точно, но дека Србија е спремна да и подари на Владата на Црна Гора пет респиратори. Во Република Српска, најави Вучиќ, ќе бидат испратени лекови, како и основни средства за работа во медицината.

Тој најави и дека во недела ќе биде претставена економската програма на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.