Şenhan Bolelli
01 Мај 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
МАДРИД
Министерството за здравство на Шпанија објави податоци во врска со бројот на починати и заразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа во Шпанија се регистрирани 281 смртен случај предизвикани од заразеност со Ковид-19, што претставува благ раст во однос на вчерашната бројка која изнесуваше 268 починати.
Вкупниот број на лица починати од последици предизвикани од новиот тип коронавирус во Шпанија изнесува 24.824.
Шпанското Министерство информираше дека според изработените ПСР-тестови, во последните 24 часа новиот тип коронавирус е детектиран кај 1.781 лице, со што вкупниот број на лица позитивни на тестот на Ковид-19 изнесува 215.216.
Од друга страна, во последните 24 часа оздравеле 2.628 лица кај кои е детектиран Ковид-19. Вкупниот број на пациенти оздравени од новиот тип коронавирус е 114.678.
- Во населените места со помалку од 5.000 жители не е воведено правило за временски интервал
Шпанската Влада воведе некои ограничувања околу одлуката за индивидуално излегувања заради спорт и прошетка, кои во сила стапуваат на 2 мај.
Во тие рамки, возрасните можат да излегуваат на улица за спортски активности или прошетка во периодите од 06:00 до 10:00 и од 20:00 до 23:00 часот.
На децата им е дозволено да излегуваат на улица во периодот од 12:00 до 19:00 часот. Децата под 14-годишна возраст на улица ќе можат да излегуваат само во придружба на еден возрасен член на семејството.
Правилото за временски интервали не е воведено во населените места со помалку од 5.000 жители.
Во рамките на релаксирањето на правилата на однесување кои се дел од вонредната состојба која во Шпанија е воведена на 14 март, Владата препорача населението да го одржува физичкото растојание, да носи маски, граѓаните да не се оддалечуваат повеќе од 1 километар од својот дом и да не остануваат на улица подолго од 1 час.
Вонредната сотојба која е на сила до 9 мај како превенција од ширењето на Ковид-19, се предвидува да биде продолжена до 24 мај.
Почнувајќи од 4 мај, во Шпанија ќе започне процесот на постепена нормализација на деловниот и општествениот живот.