Aydoğan Kalabalık
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Тројца цивили загинаа во нападот кој денеска силите лојални на Калифа Хафтар го извршија врз градот Зинтан, северозападниот дел на Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Медицински извор кој сакаше да остане анонимен за АА изјави дека жртвите биле цивили, од кои две жени.
Претходно денеска, силите предводени од Владата на национално единство признаена од ОН на социјалната мрежа Фејсбук соопштија дека милитантите на Хафтар на нишан ја имаат областа Зинтан лоцирана југозападно од Триполи.
Областа со густо население беше цел на ракетите на повеќеракетниот систем „Град“ кои предизвикаа смрт и повреди меѓу цивилите.