свет, Коронавирус

Хоспитализиран британскиот премиер Џонсон кој е позитивен на Ковид-19

Премиерот Џонсон продолжува да има сиоптоми на Ковид-19, а неговото хоспитализирање е превентивно

Hasan Esen  | 06.04.2020 - Обновена : 06.04.2020
Хоспитализиран британскиот премиер Џонсон кој е позитивен на Ковид-19

ЛОНДОН (АА) - Британскиот премиер Борис Џонсон кој е позитивен на вирусот Ковид-19 (коронавирус) е хоспитализиран, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди канцеларијата на британскиот премиер.

„Со препорака на лекарот, премиерот (Борис Џонсон) вечерва е пренесен во болница за испитување“, се вели во ова соопштение.

Се нагласува дека 55-годишниот премиер продолжува да има сиоптоми на Ковид-19, и дека неговото хоспитализирање е превентивно.

Инаку, Џонсон кој имаше симптоми на температура и кашлица, на 27 март беше дијагностициран со Ковид-19.

Од тој датум, Борис беше задржан во изолација.

„Се чувствувам подобар, и за жал по 5-дневната изолација сеуште имам симптоми; мали симптоми. Сеуште имам температура, и затоа во согласност со препораката на владата, треба да продолжат со изолација се до снемање на овој симптом“, рече тој на една видео-снимка која ја сподеи на 3 април.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.