Alaattin Doğru
14 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
АНКАРА (АА) - Од денеска во Франција укинат е условот за носење маска и сертификат за вакцинација против Ковид-19 во затворен простор, освен јавниот превоз и здравствените центри, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите во медиумите во земјата, со намалувањето на бројот на заразени со Ковид-19 укинат е условот за носење маски и сертификат за вакцинација во сите затворени места освен јавниот превоз и здравствените установи.
Во Франција на 28 февруари беше соопштено дека обврската за носење маски и сертификатот за вакцинација ќе биде укината во многу затворени места како што се кафулињата, рестораните, музеите, театрите и кината.
Најголем број заболени од Ковид-19 во земјата беше регистриран на 25 јануари со 501.635 случаи. Вчера беше соопштено дека во последните 24 часа се евидентирани 60.422 случаи.
Во Франција од почетокот на епидемијата 23,5 милиони луѓе се заразија со Ковид-19, а од вирусот починаа 140.109 лица.