Yusuf Özcan
11 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ПАРИЗ (АА) - Во Франција речиси 91,7 отсто од пациентите кај којшто е применета терапијата со хидроксихлорокин, успешно се опоравиле, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според локалните медиуми, лекот е применет во лекување на 1.061 пациенти по истражувањето спроведено од страна на генералниот директор на Медитеранскиот инфектолошки институт во Марсеј, проф. др. Дидиер Раулт.
Се наведува дека 91,7 отсто од пациентите биле целосно излекувани во рок од десет дена, додека 0,5 отсто од пациентите, на возраст од 74 до 95 години, починале.
Д-р Раулт на 9 април разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон, по што со одлука на Владата е дозволена примената на хидроксихлорокин во лекувањето на коронавирусот.
Француската влада потоа го забрани извозот на хидроксихлорокинот.