свет, Коронавирус

Франција: Вкупната бројка на починати од Ковид-19 се искачи на 2.606

Во последните 24 часа починале 292 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 2.606 лица. Бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница се искачи на 7.132

Yusuf Özcan  | 29.03.2020 - Обновена : 30.03.2020
Франција: Вкупната бројка на починати од Ковид-19 се искачи на  2.606 ( Foto: Julien Mattia/ Anadolu Agency )

ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 2.606 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Жероме Саломон, генерален директор во Министерството за здравство на Франција на прес-конференција истакна дека кај 2.599 лица е откриен коронавирусот, со што вкупната бројка на лица заразени од овој вирус во земјата се искачи на 40.174 лица.

Саломон информираше дека 4.632 од вкупно заразените лица со Ковид-19 се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница, се искачи на 7.132.

Според Саломон, во последните 24 часа починале 292 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 2.606 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın